Connect with us

Свет

Финска го поддржа предлогот на Италија за привремено исклучување на Шпанија од Шенген зоната

Шефица на финската дипломатија,  Мари Рантанен, ги повика сите европски земји да го поддржат предлогот на Италија за привремено исклучување на Шпанија од Шенген зоната поради миграциската криза во Сеута.

„Шпанија целосно не успеа да ја заштити надворешната граница на Шенген зоната од нелегален влез. Не може да продолжи така“, напиша Рантанен на платформата Икс.

По загрижувачките настани во шпанската енклава на северот на Африка, кога за неколку дена во Сеута пристигнаа околу 50.000 мигранти од Мароко, италијанската премиерка, Џорџа Мелони, вчера прва изјави дека нејзината земја е подготвена да преземе итни мерки за заштита на границите и безбедноста на граѓаните, вклучително и суспендирање на Шпанија од Шенген зоната.