Свет
Седуммина загинати при пад на противпожарен хеликоптер во Аргентина
Седум луѓе загинаа при уривање на противпожарен хеликоптер во аргентинската провинција Сан Хуан.
Хеликоптерот „Бел 412“ учествувал во гаснење на шумски пожари во паркот Ишигуаласто, заштитено подрачје во западна Аргентина.
Спасувачки екипи се испратени на местото на несреќата, кое локалните медиуми го опишуваат како оддалечена и тешко достапна област.
Причината за падот на хеликоптерот сè уште не е позната.
јули 31, 2026
