Култура
Почина актерот Гоце Тодоровски
Македонската културна јавност и театарската сцена останаа без еден од своите најпрепознатливи и омилени актери. Почина Гоце Тодоровски, актер кој со својата харизма, автентичен хумор и препознатлива актерска енергија со децении беше дел од македонскиот театарски, телевизиски и културен простор, објави неговата ќерка Сашенка
За пошироката публика особено остануваат запаметени неговите улоги во „Македонски народни приказни“. Преку бројните ликови што ги оживеа пред камерите, Тодоровски придонесе македонското народно творештво, хуморот, традицијата и јазикот да стигнат до домовите на илјадници семејства и да останат дел од колективната меморија.
јули 27, 2026
