Connect with us

Политика

Манасиевски: Проблемот на СДС, Левица и ДУИ е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можност

Недонесувањето на новиот Изборен законик ја разобличи вистинската политика на СДС, Левица и ДУИ, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференција на портпаролот Валентин Манасиевски, што МИА го пренесува интегрално.

Проблемот на ова трио е што не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија, затоа блокираат кога имаат можност.

Иако беа прифатени сите нивни барања кои беа се, само не суштински, тие договорот не го прифатија затоа што не можеа да прифатат дека Македонија ќе запише уште еден реформски успех.

Со тоа испратија јасна порака дека за нив не е важно дали државата ќе ги исполни реформските обврски, туку дали ќе можат политички да профитираат од секој застој.

Почитувани граѓани, Македонија ќе продолжи да победува. Реформите ќе продолжат, без разлика на нивните блокади. А вие граѓаните веќе ја препознавате разликата меѓу оние што работат за државата и оние што работат против секој нејзин успех.

Ad
Ad