Connect with us

Политика

Андоновски: Вистинското лице на коалицијата СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар излезе на површина, зошто доцни реакцијата на општината

Вистинското лице на коалицијата СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар излезе на површина. Додека ги лажеа Гостиварчани пред изборите дека ќе донесат подобар живот, денес истите не оставија без елементарната потреба од вода. СДС, ДУИ и Таравари додека славеа и се радуваа на победата се беше добро, а денес кога треба реакција и одговорност никаде ги нема – истакна на денешната прес-конференција претседателот на ОК Гостивар на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Андоновски, стои во партиското соопштение кое МИА го објавува интегрално.

Зошто доцни реакцијата ? Зошто немавме брза реакција на службите на локално ниво и одговорност? Дали СДС, ДУИ и Таравари сметаат дека овој скандал ќе помине неказниво?

Над 1000 наши сограѓани беа директно или индиректно завршени во болница поради труење од несовесното раководење на општинските институции. Затоа, бараме одговорност и расплет на овој скандал кој го доживува Гостивар.

Дополнително, лицемерно е однесувањето на СДС, затоа што истиот Венко Филипче на кого му изгореа живи 14 наши сограѓани во тетовската модуларна болница и во неговото време се случи најголемиот погром со КОВИД кризата каде илјадници сограѓани ги загубија животите.

Ad
Ad