Економија
Мицкоски: Раст на индустријата од 7,5 отсто во април, тоа е лоша вест за оние што не сакаат државата да успее
Растот на индустријата во април е лоша вест за оние што не сакаат државата да успее, кои создаваат хистерија и паника, шират невистини и манипулираат – вели премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги статистичките податоци за индустријата.
– Се консолидиравме по шокот во март кога ескалира кризата во Заливот и се продлабочи енергетската криза. Веќе во април индустријата бележи значителен раст, односно зголемување од 7,4 до 7,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година – изјави денеска Мицкоски, кој присуствуваше на официјалното отворање на новата фабрика на компанијата „Брејнчајлд“ во индустриската зона Жабени во Битола.
Една од причините зошто има раст на индустријата во април, според премиерот, е и тоа што преку унгарскиот кредит слеани се финансиски средства во домашните компании, каде што се очекува инвестициите да бидат најмалку двојно поголеми од вложените средства
јуни 15, 2026


