Економија
Николоски: Одржлив економски раст ќе постигнеме преку реализација на крупните инвестиции во автопатиштата и железницата
Одржлив раст на економијата преку крупни инвестиции во инфраструктурата на стратешките коридори 8 и 10, како и подобрување на ефикасноста во траспортот, беа тема на панел-дискусијата, на која говореше заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, а во организација на Европската бизнис-асоцијација.
Вицепремиерот во своето обраќање посебен фокус стави на инвестициите во патната и железничката мрежа на Kоридорот 8 и Kоридорот 10 и кракот 10 д потенцирајќи дека на среден и долг рок овие инвестиции ќе придонесат за одржлив економски развој и регионална поврзаност – соопшти Министерството за транспорт.
Изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10 д, се реализираат со засилена динамика, тие ќе мултициплираат развој на регионот, ќе привлечат нови инвестиции и ќе понудат нови работни места, потенцира вицепремиерот додавајќи дека постојат конкретни рокови за нивна реализација.
Во однос на конкуретноста на домашната економија, дополнително ќе влијае и изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, која ќе придонесе за брз и предвидлив транспорт, реални планови за развој на компаниите и позиционирање на Македонија на главата транспортна рута за централна Европа, посочи Николоски.
Вицепремиерот говореше и за регионалата соработка, која се потпира на заеднички проекти со соседните земји, кои ќе го олеснат транспортот, ќе придонесат за регионална интеграција и регионален економски развој.
– За да се реализираат овие долгорочни мерки и политики, работиме на крупни инфраструктурни проекти преку кои ќе ја постигнеме посакуваната цел, а тоа е конкуретна економија, одржливи услови за развој на компаниите, ефикасен и брз транспорт, зелени ленти на граничните премини и регионална соработка – додаде вицепремиерот Николоски пред компаниите членки на Европската бизнис-асоцијација во Македонија.
јуни 12, 2026

