Connect with us

Забава

Во Русија изработени првите слушалки кои создаваат шифрирана комуникациска мрежа

Руската компанија „Тримикс“ (3mx) ги создаде слушалките „Петр“ за воен персонал, кои овозможуваат создавање безбедна комуникациска мрежа.Овие слушалки истовремено имаат и функција за засилување на звуци од околината, вклучувајќи и потенцијални закани, како што се звуците од мотори на дронови, со цел подобро навремено реагирање на терен.

– Развивме целосно запечатени слушалки, со сите печатени плочи заштитени од влага. Имплементиравме интерфон, кој овозможува комуникација меѓу групи без користење радиоуреди, изјави директорот за развој на компанијата, Сергеј Шандобило, за руските медиуми.

Шандобило објасни дека системот овозможува стабилна интерфонска комуникација до 30 метри, додека пак, во идеални услови досегот може да достигне и до 200 метри.

– За разлика од сите други слични системи ширум светот, нашиот користи енкрипција, што ни овозможува побезбедно извршување на мисии без ризик од ширење информации кон противникот, заклучи Шандобило на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Ad
Ad