Connect with us

Ракомет

Стрмљан пред реваншот со Татабања: Ќе дадеме максимум да испишеме историја за ГРК Охрид

Ракометарите на ГРК Охрид ги привршуваат подготовките за реваншот против унгарска Татабања во финалето на ЕХФ Европската лига во кој ќе се обидат да ја зачуваат предноста од еден гол (29-28) од првиот натпревар во Унгарија и да го освојат првиот европски трофеј во клупската историја.

Словенечкиот интернационалец во редовите на ГРК Охрид, Тимен Стрмљан, изјави денеска за клупскиот сајт дека пред неговите соиграчи претстои најважниот натпревар оваа сезона.

„В недела не очекува реваншот против Татабања, во последниот и најважен натпревар за нас оваа година. Сите знаеме за каков противник станува збор. Тие се навистина силна екипа и уште од самиот почеток на ова натпреварување се фаворити. Ние повторно добро ќе се подготвиме, повторно ќе го дадеме својот максимум и се надевам дека со голема поддршка од нашата публика и фер навивање можеме да успееме да испишеме историја за ГРК Охрид“, посочи словенечкиот ракометар.

Реваншот е закажан за в недела со почеток во 20 часот во СРЦ „Билјанини извори“, а ракометарите на ГРК Охрид ќе имаат максимална поддршка од трибините, откако сите билети беа продадени за нецели 15 минути.

Минатата сезона, титулата во третото по ранг европско ракометно клупско натпреварување ја освои скопски Алкалоид. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1