Connect with us

Економија

Латифи и Колак извршија увид во новата 400 kV трафостаница кај Охрид, дел од проектот за поврзување со Албанија

По завршувањето на стратешкиот економски дијалог меѓу владите на Македонија и Хрватска, генералниот директор на АД МЕПСО, доц. д-р Бурим Латифи, заедно со претседателот на Управниот одбор на познатата хрватска компанија КОНЧАР, Гордан Колак, извршија увид во градежните работи на новата 400 kV трафостаница во близина на Охрид.

Оваа трафостаница, како што информираат од АД МЕПСО, претставува една од клучните компоненти на проектот за енергетска интерконекција меѓу Македонија и Албанија, проект од особено стратешко значење за целиот регион.

Со оваа заедничка теренска посета, Латифи и Колак го потврдија максималното институционално и професионално заложување за што побрзо завршување на проектот.

Станува збор за инвестиција што ја надминува класичната инфраструктурна димензија, создавајќи основа за поголема енергетска сигурност, посилна регионална поврзаност и подобро позиционирање на државата на идниот европски пазар на електрична енергија.

Проектот за интерконекција со Албанија се очекува значително да придонесе за стабилноста на електроенергетскиот систем и за зголемување на капацитетите за размена и пренос на електрична енергија во регионот.

Проектот се очекува да заврши во текот на 2026-та година.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1