Connect with us

Вести

Николоски: Ќе го решиме проблемот со десетина буџовани со вили во Ореовец кои Левица ги штити

Прогресот на автопатите на Коридор 8 оди добро и ќе ги изградиме во рамки на предвидениот рок. Следната година ќе пуштиме една лента за возење на автопатот од Прилеп до Битола а целиот ќе го изградиме исто така во предвидениот рок, истакна во интервјуто за ТВ Сител, вицепремиерот Николоски.

Тој потенцираше дека проблемот со неколку сопственици на вили во село Ореовец ќе биде решен, но го отвори пршањето зошто политичката партија Левица ги штити истите кога овој проблем може да ја чини државата до 100 милиони евра. 

“Рокот е 2029 година за сите три автопатски делници, Тетово -Гостивар, Гостивар -Букојчани и Прилеп-Битола. Најбрзо очекувам да видиме на Битола-Прилеп, иако е најдолгата делница, таа е најдолгиот автопат поединечно што се гради во Македонија и морам да кажам дека голем фокус ставаме на овој проект. Единствено останува со овие буџованиве од Ореовец да го решиме проблемот. Има таму десетина сопственици на вили, кои што блокираат пристап до наоѓалиштето од каде што треба да се црпи материјал за изградба на автопатот. Мирот им се нарушува, веројатно кога слушаат таму пријатна музика и кога поминуваат камионите, но тоа нарушување на мир чини некаде околу стотина милиони евра. Гледам политичката партија Левица се залепи на ова, па фер е да ги прашаме како дефинирани левичари, како тоа сака државатa да потроши 100 милиони евра повеќе. Секако дека ќе решиме, но ова се добри морални прашања кои што се отвараат. Инаку на Прилеп -Битола веќе очекувам следната година, едната страна да е целосно пуштена, односно да пуштиме сообраќај по нов автопат во едната насока, а целиот да биде завршен во рамки на рокот. Гостивар -Тетово, иако изгледа најлесен, во суштина е најтежок, затоа што има многу објекти што треба да се дислоцираат, но и тука ќе бидиме во рокот. А Гостивар- Букојчани, заобиколкувањето на популарната Стража, иако изгледа како најтежок, во суштина добро оди прогресот и веќе имаме пробиено 18 километри”- истакна Николоски.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1