Connect with us

Вести

Мицкоски: ЕСМ вложи жалба за случајот „Мазут“, очекувам Вишото јавно обвинителство да ги разгледа фактите и да одлучи

ЕСМ вложи жалба на одлуката на Основото јавно обвинителство за гонење организиран криминал за прекинување на истрагата за случајот „Мазут“ – информира премиерот Христијан Мицкоски, кој очекува Вишото јавно обвинителство правилно да одлучи.

Одговарајќи на новинарски прашања по обраќањето по повод 10-годишнината од своето присуство и работење во Македонија на германската компанија „Костал“ во Охрид, премиерот рече дека ќе ја почека одлуката на Вишото јавно обвинителство.

– ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, веќе вложи жалба на скандалозната одлука на Основото јавно обвинителство за гонење организиран криминал и очекуваме Вишото јавно обвинителство правилно да ги разгледа сите факти и да одлучи според тоа што е содржано во жалбата. Да почекаме што ќе одлучи Вишото јавно обвинителство, па потоа да коментираме – нагласи Мицкоски

Маркетинг
Ad 1
Ad 1