Connect with us

Вести

Андоновски-Годлиаускас: Градењето отпорност во сајбер просторот е прашање на соработка и координација

Зајакнување на соработката во областа на сајбер-безбедноста, размена на искуства и градење поотпорни институционални капацитети за справување со современите дигитални закани беа во фокусот на средбата на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, со заменик-министерот за национална одбрана на Република Литванија, Томас Годлиаускас во рамки на вториот ден од работната посета на Вилнус, Република Литванија.

Како што соопштуваат од Министерството за дигитална трансформација, на средбата министерот Андоновски истакнал дека сајбер-безбедноста е еден од клучните предуслови за успешна дигитална трансформација, доверба во дигиталните услуги и заштита на институциите и граѓаните.

– Градењето отпорност во сајбер-просторот е прашање на соработка и координација. Денешните дигитални закани не познаваат граници, затоа одговорот мора да биде заеднички, организиран и заснован на доверба меѓу институциите и партнерите. За Македонија е особено важно да учи од земји како Литванија, кои успешно ги поврзуваат одбранбените, цивилните и технолошките капацитети во единствен систем на заштита – нагласил Андоновски.

Од Министерството дополнуваат дека на средбата било нагласено дека соработката меѓу двете земји е значајна не само во рамки на НАТО-сојузништвото, туку и како партнерство засновано на пријателство, доверба и заеднички вредности.

-Заменик-министерот Годлиаускас истакна дека Литванија не ја гледа Македонија само како НАТО-сојузник, туку и како пријателска земја со која постои простор за продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес – велат оттаму. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1