Connect with us

Вести

Сиљановска-Давкова во Љубљана оддаде почит на жртвите од војните

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за време на престојот во Љубљана оддаде почит пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните.

Во својата порака, таа истакна дека спомениците во чест на жртвите од војните не само што сведочат за трагедиите од минатото, туку и потсетуваат на цената што човештвото ја плаќа кога ќе потфрлат разумот и дијалогот.

-Пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните во Љубљана, оддадов почит кон сите невини жртви, чии судбини останаа врежани во колективната меморија на народите, истакна Сиљановска-Давкова.

Во контекст на актуелните глобални тензии и воени конфликти, Сиљановска-Давкова порача дека е неопходно постојано да се трага по мировни решенија, бидејќи човечкото страдање не смее да стане нова нормалност. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1