Connect with us

Економија

Николоски: Одлична вест за македонските транспортери

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави дека во Хрватска е усвоен Закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи.

“Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи.

Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи.

Ова е реализација на договорот што го направивме со вицепремиерот и министер Олег Бутковиќ во Јануари годинава.

Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Очекуваме и други држави да се приклучат.

Продолжуваме кон конструктивни решенија за нашите професионални возачи”- објави вицепремиерот Николоски.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1