Connect with us

Вести

Сиљановска Давкова на средба со пратеничка Газиновски: Се согласивме за важноста од решавање на прашања за олеснување на секојдневниот живот на Македонците во Словенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која од денеска престојува во официјална посета на Љубљана денеска се сретна со пратеничката во словенечкиот Парламент, Сандра Газинковски.

-Со Сандра Газинковски, пратеничка во словенечкиот парламент, разговаравме за улогата и сè поголемото влијание на македонската заедница во словенечкиот општествен и политички живот. Посебно ми е драго кога гледам луѓе кои, и покрај тоа што семејните судбини ги однеле далеку, не ја изгубиле свеста за своето потекло. Напротив, преку работата и ангажманот придонесуваат за зајакнување на врските меѓу државата во којашто живеат и земјата од каде потекнуваат, објави Сиљановска Давкова на Фејсбук.

Таа нагласи дека на средбата се согласивме за важноста од решавање на конкретните прашања што го олеснуваат секојдневниот живот на Македонците во Словенија, како и унапредувањето на парламентарната соработка.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1