Општини
Стоилковиќ оствари средба со претставници на организации и медиуми од Република Турција
Потпретседателот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со претставници на организации и медиуми од Република Турција, меѓу кои Филиз Шахин, претседателка на здружението Светски бизнис-жени за едукација, култура, уметност, историја, здравје и солидарност, Серпил Екинџи, Накшије Илмек и Адил Кочалан, претседател на Здружението на медиумите.
На средбата беа разменети мислења и ставови за унапредување на меѓусебната соработка, со посебен акцент на продлабочувањето на пријателските односи меѓу двете земји, како и на можностите за реализација на заеднички активности во областа на културата, медиумите, образованието и други области од заеднички интерес.
Потпретседателот и министер Стоилковиќ ги запозна соговорниците со активностите и приоритетите на Министерството за односи меѓу заедниците, при што беше истакната важноста од негувањето на меѓусебното разбирање, почитувањето на различностите и јакнењето на врските меѓу народите како темел за стабилност, соработка и напредок.
Соговорниците изразија заедничка подготвеност за натамошно интензивирање на соработката и реализација на иницијативи што ќе придонесат за развој на пријателството, културната размена и поврзувањето меѓу институциите и граѓаните на Македонија и Република Турција.
мај 13, 2026
