Општини
Владата: Завршена изградбата на крак 1 од секундарната фекална канализација во општина Арачиново – едно од клучните комунални прашања за жителите
Завршена е изградбата на крак 1 од секундарната фекална канализација во општина Арачиново, со што се решава едно од клучните комунални прашања за жителите и се подобрува инфраструктурата вo општината – информира Владата.
– Со реализацијата на проектот се обезбедува правилно и ефикасно одведување на отпадните води, што директно придонесува за подобрување на хигиенско-санитарните услови, заштита на животната средина и поквалитетен живот за граѓаните – објави Владата на „Фејсбук“.
Инвестицијата од 7.032.033 денари, обезбедена преку Министерството за животна средина, се додава во објавата, претставува значаен чекор кон унапредување на комуналната инфраструктура и одржлив развој на општината.
– Проектот има долгорочно значење за здравјето, безбедноста и подобрувањето на условите за живеење на локалното население – нагласуваат од Владата.
мај 13, 2026
