Connect with us

Општини

Oпштина Велес распиша јавен повик за субвенционирање занаетчии

Општина Велес со цел да им помогне на занаетчиите на територијата на општината  вклучени во  дефицитарните занаети  и занаети во изумирање, одлучи да ги субвенционира, за што веќе распиша и јавен повик. Средствата за оваа намена  се  вкупно 500 илади денари или  најмногу  до 15 илјади денари по корисник со вклучен персонален данок на доход. Јавниот повик трае до 11 јуни 2026.

Право на користење на финансиски средства за субвенционирање на дефицитарни занаетчии и занаети во изумирање на подрачјето на Општина Велес, имаат вршителите на занаетчиска дејност кои се определени како дефицитарни занаетчии и занаети во изумирање на подрачјето на Општина Велес: грнчари, ковачи, опинчари, јажари, крзнари, шапкари, свеќари, венци, корпари, копчари, кујунџии, каменорезачи, клучари, саатчии, ткајачи, кондураџии, фурнаџии – фурна на дрва, рачна изработка на сита, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти, резба на дрво и бакар, пирографија, изработка на народни носии, домашна ракотворба, ракотворби – изработка на сувенири и производство од хартија.

Како што појаснуваат Општина Велес  со соопштение на својата веб страна од Предмет на јавниот повик е субвенционирање на вршители на занаетчиска дејност, регистрирани во Регионалната занаетчиска комора – Велес кои бележат намалување на активностите во континуитет, а согласно Одлуката за определување на дефицитарни занаетчии и занаети во изумирање на подрачјето на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.4/26) се определени како дефицитарни занаетчии и занаети во изумирање на подрачјето на Општина Велес.

Инаку  средствата предвидени за оваа намена ќе се распределуваат по принципот на пропорционалност, на начин што вкупниот износ (во потточката 1.2) ќе се подели подеднакво меѓу сите баратели кои ги исполнуваат условите од јавниот повик. Максималниот износ на поединечната субвенција не може да надмине износ од 15. илјади  денари по корисник, со вклучен персонален данок на доход.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1