Connect with us

Економија

Ристески: Невработеноста е на најниско ниво, месецов новиот оперативен план за вработување

Овој месец ќе се обелодени новиот оперативен план за вработување, а Министерството за економија и труд анализира – лани беше успешно спроведен планот и преку 60 проценти млади до 29 години најдоа работа преку владините мерки, изјави денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. 

– Ефектите се одлични. Процентот на реализација на оперативниот план во минатата година е над 92 отсто. Мерките во оперативниот план ги искористиле околу 12 100 лица, од кои преку 60 проценти се млади лица до 29 години. Преку најактивната мерка -самовработување, се вработиле 2 600 лица, вели Ристески.

Македонија стигна до најниското ниво на невработеност, под 90 000, а највисоко на вработено работоспособно население, над 910.000.

– Минатата година имаме оторено 15.000 работни места. Тоа се должи на одличните владини политики, на странските инвестиции во ТИРЗ-зоните и на реинвесатирањето на домашните компании. Секако тука се зголемувањето на обемот на работа и квалитетот на новите работни места. Исто така, тоа се должи и на активните мерки кои ги има, не само министерството за економија и труд, туку и другите министерства и владини институции кои им помагаат на невработените луѓе побрзо да најдат работа, посебно младите до 29 години. Овие бројки се историски. Првпат имаме под 90 000 регистрирани невработени лица, а бројката на вработени лица во Македонија првпат изнесува над 710 000 од работоспособното население. Да напоменам дека и таа бројка од 90 000 невработени не е реална, ако ги исклучиме околу 30 000 кои се занимаваат со земјоделство, а се пријавени во Агенцијата за вработување како невработени, а во работоспособното население, по статистика, се и оние кои учат средно училиште од 16 до 18 годин, а знаеме, во Македонија е задолжително средното образование. Тука би отпаднале 5 000 до 10 000 лица. Па, реалната бројка на невработени во Македонија би изнесувала 40 до 45 000 невработени, или, тоа е околу 5 проценти од работоспособното население, што е историски, најнизок процент на невработени работоспособни луѓе во Македонија, анализира Ристески. 

Ристески вели дека ќе има новитети во оперативниот план, но ќе бидат познати по неговото усвојување. 

– Не можам да говорам за новитетите пред усвојувањето на Оперативниот план. Но, во него, ќе се пронајдат многу млади лица, зашто целта е таа – да ги задржиме младите во Македонија, но и сите невработени лица кои се заведени во Агенцијата за вработување, вели Ристески. 

Според Ристески, потребна е поголема соработка помеѓу компаниите и стручните училишта и, воопшто образованието, за да се стигне до потребните стручни кадри на пазарот на трудот.

-Овојпат, многу поголем проблем е наоѓањето на квалитетни стручни кадри на пазарот на трудот. Во прашање се две причини. Прво, малиот наталите, а второ е поголемиот процент на иселување во последните години на работоспособното и стручно население од Македонија во странство, смета Ристески. 

Ќе има бенефиции за задржување на работоспособните во земјава. Особено на младите.

– Една од мерките понатаму ќе биде и стратегијата на работоспособните млади луѓе кои се иселиле, преку одредени бенефиции и поволности да се вратат, да продолжат да живеат и да работат и да егзистираат во Македонија. Би го повикал и стопанството да биде поактивно на пазарот на трудот и лицата кои ќе го завршат образованието, да може да ги пресретнат и да им овозможат вработување во компаниите во приватниот и во јавниот сектор за да не се дозволи овие кадри да завршат надвор од државата. Во тој контекст ќе придонесе и зголемувањето на квалитетот на дуалното образование и законските промени во средното и во високото образование, заклучува Марајн Ристески,заменик министер за економија и труд.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3