Живот
Повеќе од половина од езерата во светот се намалиле последниве 30 години
Повеќе од половина од бројот на езера во светот се намалиле од почетокот на 90-тите главно поради климатската криза и високата потрошувачка на вода од страна на луѓето, покажа голема меѓународна студија. Езерата (и природни и вештачки) губат просечно 22 гигатони вода годишно, од 1992 до 2020 година – објавува „Гардијан“.
Во таа смисла, дури 53 отсто од езерата забележале пад.
– Ова не треба да се игнорира – рече Фангфанг Јао, хидролог на Универзитетот во Вирџинија.
Истражувањето открило значителна загуба на вода, дури и во влажни области и подрачја. Оваа состојба ги зголемува загриженостите за снабдувањето со вода за земјоделството, хидроенергијата и потрошувачката од страна на луѓето, велат познавачите.
Нивото на водата, од друга страна, се зголемило само во 25 отсто од езерата во светот.
мај 7, 2026

