Connect with us

Општини

Осветен новоизграден црковен објект во тетовско Милетино посветен на Свети Георгиј Победоносец

Во населеното место Милетино, Општина Брвеница денес беше извршено осветување на новиот црковен објект посветен на светецот Свети Георгиј Победоносец, кој се празнува на секој денешен датум 6 мај. Осветувањето на новиот православен храм го изврши митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф кој потоа отслужи и празнична литургија.

– Денес, во овој неделен ден на воскресението, кога сè уште се поздравуваме со најрадосниот поздрав Христос Воскресе, ни причинува голема радост да сме со вас тука во Милетино, за да ја споделиме радоста предизвикана од осветувањето на овој новоизграден храм, посветен  на светиот вмч Георгиј Победоносец. Со чинот на осветувањето на овој Божји дом, Тетовско-гостиварската епархија и Македонската православна црква се здобија со уште еден храм, со уште еден украс Божји, во кој секој еден верник ќе може да се моли и да се поучува во нашата православна вера, истакна во својата беседа владиката г. Јосиф. 

Овој црковен објект беше почнат да се гради на празникот Свети Георгиј-Ѓурѓовден во 2019 година. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 3