Connect with us

Вести

Митко Чавков пуштен на условен отпуст

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, од денеска е на слобода откако беше пуштен на условен отпуст од затворот во Штип. Веста ја потврди директорот на казнено-поправната установа, Дејан Здравков.

Чавков, кој ја издржуваше казната во штипскиот затвор, го напуштил објектот утрово околу 10 часот.

Тој беше еден од осудените за настаните во Собранието од 27 април 2017 година. За ова дело, Чавков првично беше осуден на затворска казна од 18 години под обвинение за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Надлежните институции потврдија дека се исполнети законските услови за негово предвремено пуштање со условен отпуст.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3