Connect with us

Вести

Мицкоски очекува реализација на проектот „Брза пруга“ на Коридорот 10 на почетокот на следната година

Премиерот Христијан Мицкоски очекува проектот „Брза пруга“ на Коридорот 10 да почне да се реализира в година по завршувањето на физибилити-студиите и по потпишувањето договор со потенцијален финансиер. 

– Продолжуваме со реализација на проектот „Брза пруга“ на Коридорот 10. Физибилити-студијата е веќе при крај и студијата за влијанието врз животната средина е исто така при крај, законско времетраење е 270 дена и очекувам летово, јуни – јули, да бидат затворени овие прашања затоа што ќе биде потребна и ревизија на овие студии. Откога ќе биде завршено сето тоа, ќе влеземе во процес на потпишување договор за потенцијален финансиер. Министерството за финансии веќе објави повик – имаме необврзувачка индикативна понуда од потенцијален понудувач и, се разбира, треба да ги потврдат условите што ги дадоа тогаш и ако биде сè како што треба, очекувам на почетокот на следната година да почне реализацијата – изјави Мицкоски на новинарско прашање по присуството на панихидата во црквата „Св. Спас“ во Скопје по повод 123 години од смртта на Гоце Делчев.

Мицкоски истакна дека продолжуваат и активностите за изградба и модернизација на Коридорот 8, каде што во железничкиот дел очекува заокружување на предвидените проекти за пругата до Бугарија и за модернизацијата на пругата од Скопје до Кичево до 2029-2030 година. 

Посочи дека на источното крило на Коридорот 8 од пругата кон Бугарија се очекува тендер за избор на изведувач за третата делница и потсети дека веќе е пробиен последниот тунел од втората делница и оти првата делница е веќе во функција. Преговараме со ЕК и веќе се обезбедени пари во рамките на планот за раст за модернизација на пругата од Скопје до Кичево. Овој проект се реализира со несмалена динамика и очекувам комплетно од Кичево до границата со Бугарија да биде заокружен најдоцна до 2029/2030 година – изјави Мицкоски. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 3