Connect with us

Вести

Богдановиќ: Филипче не ја застапува социјалдемократската идеја, СДСМ има претседател кој има скапа виза за која не е на чисто за што е

Скапи златни визи, менување на ставови, губење на идеолошки компас, оттргнување од реалното општество – ова не е социјалдемократија.

Скандалите со златанта виза за која да ја поседувате треба да имате длабок џеб, како и катадневните напади на медиумите, но и недостатокот на демократски капацитет се дел од причините зошто СДСМ попаѓа сметаат дел од познавачите.

Пораншниот градоначалник на Центар и член на СДСМ, Саша Богдановиќ вели дека несвојствено е за партија која би требало да е рамо до рамо со грашаните, да ја споделуваат секојдневницата да има претседател кој поседува виза која не е сеуште на чисто за што е, ама е јасно дека е скапа.

Како што видовме во самите рекации , натписи, дека таа виза чини многу пари. Уште полошо од тоа е што требаше да има дирекно признавање, не спорно е можеби имате срества свои за да ноправите, или тие средства ги стекнале на некој друг начин , тоа треба некој друг да го провери. Со самото тоа кажување дека прво немате, па имате , па била за лекар, па на крај се докажува дека е за бизнис интереси , вие пред своите членови и симпатизери покажувате една неозбилност. Не ја застапувате социјалдемократската идеја, немате идеологија со тоа покажувате дека некои други планови ви се во интерес , така да луѓето утре како би ви дале доверба кога вие во едно скорешно време сте се стекнале со таков капитал за да добиете таква виза.“- вели поранешниот градоначалник и член на СДСМ, Саша Богдановиќ.

Втор катастрофален чекор кој го прави СДСМ, според Богдановиќ е отворањето на фронт со медиумите. Поранашниот градоначалник смета дека тоа партиајта го прави за дефокус, но како и да е целата тактика е погрешна и цената ја плаќа партијата со тоа што губи медиумски простор, но и релевантност. Дали во прашање е параноја или нешто друго, Богдановиќ вели не знае , но едно е јасно, СДСМ го губи својот компас.

Јас и додека сум бил градоначалник на Центар , сум доаѓал на гостувања во Алфа, сум имал и незгодни прашања , но целата поента во политиката е да го искористите секој медиумски простор и да поентирате. Нормално ако имате чисти намери и чиста совест , очигледно дека тука се работи за нешто друго. Да се избегнува некоја тема со тоа што ќе се обвини одреден медиум, но со тоа вие стварате и кај граѓаните и кај гледачите на АЛфа и самата телевизија непотребен револт, да дополнително влегувате во конфронтација со медиум. Тоа по мене е лоша политка.“- вели Саша Богдановиќ.

Тоа што СДСМ се занимава со туѓи дворови, а не си го средува својот , каде во моментов членството се ситни, функционерите си одат, е факт дека раководството со својот багаж ја влече партијата надоле, вели Богдановиќ кој посочува дека тоа се видело на последните избори, а допрва ќе се гледа и во иднина.

И додека партијата која треба да биде најголем поборник за работничките права, се занимава со медиуми, наместо на 1ви мај , денот на трудот биде со нив, од ВМРО-ДПМНЕ испраќаат порака дека тоа пример за лицемерие. Според нив, Филипче си ужива во Рим , додека во јавноста се претставува како загрижен опозиционер.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4