Економија
Во јуни конечна верзија на физибилити-студијата за брзата пруга, најави Мицкоски
Подготовката на физибилити-студијата за проектот за брза пруга е во тек и конечната верзија треба да биде готова во јуни.
– Подготовката на студијата трае 270 дена и мора да помине мај за да биде комплетно изработена. Во јуни би требало да ја имаме – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање.
И министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска посочи дека студијата е во подготовка.
– Сето тоа е во подготовка. Физибилити-студија не може да се изработи за неколку месеци, треба да помине одреден период. Дополнително, се прави ревизија на физибилити-студијата – изјави Димитриеска-Кочоска.
април 30, 2026

