Хроника
Претрес во Тетово, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
Полициски службеници завчера лишиле од слобода едно лице од Тетовско, откако во неговата куќа е пронајдена марихуана, соопшти Министертвото за внатрешни работи.
-Завчера во 20:10 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.С.(26) од с.Мала Речица, тетовско. При претрес во куќата во Тетово, во која престојувал, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана – инфрмира МВР.
Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
април 30, 2026

