Вести
Лажна е дојавата за поставена бомба во „Сити мол“
Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека дојавата за поставена бомба во трговскиот центар „Сити мол“ е лажна.
Од страна на полициски службеници проверени се внатрешноста на објектот и делот околу објектот и утврдено е дека станува збор за лажна дојава.
Денеска на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи пристигнала дојава за поставена експлозивна направа по што трговскиот центар беше евакуиран.
април 26, 2026

