Connect with us

Вести

Отворена истрага: Судски полицаец и доставувач земале поткуп за да „средат“ предмет пред Апелација и Врховен

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредби за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело примање награда за противзаконито влијание.

Осомничените – судски полицаец и доставувач од Основниот кривичен суд Скопје, во периодот од август 2025 година до април годинава, директно примиле награда во паричен износ од 500 евра и 60 000 денари за посредување на судскиот полицаец во повисоките судови со цел да издејствува ослободителна пресуда.

Според Обвинителството, лицето кое поднело жалба против првостепена пресуда со која бил огласен за виновен и осуден на казна затвор во траење од една година, преку сосед стапил во контакт со осомничениот доставувач, кој пак го упатил кај судскиот полицаец како лице што може да посредува.

На осомничениот судски полицаец му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на доставувачот му е определен куќен притвор.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1