Вести
Кривична пријава за екс градоначалникот на Дојран: Инвеститор од Струмица градел хотел без целосна документација
СВР Струмица поднесе кривична пријава против три лица, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Општина Дојран Анго Ангов.
Сите се осомничени за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Според полицијата, првопријавениот, комунален инспектор и втропријавениот, самостоен референт во областа на урбанизмот во Општина Дојран, овозможиле одобрение за градење за угостителски објект со хотелско сместување на инвеститор од Струмица, иако недостигале документи.
Третопријавениот, кој во тој период ја извршувал функцијата градоначалник на Општина Дојран, го потпишал и го издал Одобрението за градење – се наведува во информацијата од МВР.
април 25, 2026

