Connect with us

Хроника

Две жени добиле труење од расипани велигденски јајца

Две жени на возраст од 62 и 56 години побарале помош во Итната медицинска помош број два во Кавадарци, каде што биле медицински третирани под сомнеж за труење со заостанати велигденски јајца. Едната била задржана на болничко одделение во кавадаречката болница, а другата, по неколкучасовно медицинско следење, сама изразила желба да си оди дома бидејќи, како што рекла, се чувствувала подобро. Оваа информација ја потврди за МИА доктор Антоан Паракеов, началник на Службата за итна медицинска помош во Кавадарци.

Ратко Грков, доктор во Итната медицинска помош број еден, рече за МИА дека и во неговата смена имало пациенти што се пожалиле на лесни симптоми на труење, а кажале дека претходно јаделе велигденски јајца.

Паракеов и Грков апелираа до населението за внимателност при јадење преостанати велигденски јајца, со цел да се избегнат несакани последици од труење.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4