Connect with us

Економија

Сали од Дизелдорф: Германија е најголем трговски партнер и еден од најзначајните странски инвеститори во Македонија

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска во Дизелдорф учествуваше на панел-дискусија на тема „Можности за странски инвестиции во Северна Македонија“, на која ги презентираше инвестициските потенцијали на земјава.

Од Кабинетот на министерот за европски прашања соопштија дека во своето обраќање, Сали ја истакнал Германија како најголем трговски партнер и еден од најзначајните странски инвеститори во Северна Македонија, нагласувајќи дека повеќе од 150 германски компании се присутни во земјата, со над 22.000 вработени.

Тој посочил дека континуираните инвестиции и реинвестиции од германските компании ја потврдуваат довербата во македонската економија, при што ја нагласил заложбата на Владата за обезбедување стабилна, конкурентна и предвидлива деловна клима.

Сали истакнал и дека економската соработка со Германија се развива паралелно со процесот на европска интеграција, посочувајќи дека Северна Македонија останува целосно посветена на спроведување на реформите и остварување на стратешката цел – членство во Европската Унија

Маркетинг
Ad 2
Ad 3