Connect with us

Хроника

Кривични пријави против вработени во МВР и Шумска полиција за злоупотреба на службена положба и пустошење на шуми

Вработени во Шумската полиција и во МВР, М.А. (42) од Струмица и В.П. (52) од Берово заработија кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „оддавање на службена тајна“  и „пустошење на шуми“.

Како што информираат од МВР, М.А., вработен во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Сектор за шумска полиција, и В.П., вработен во Министерството за внатрешни работи – РЦГР Исток, во својство на овластени службени лица, во текот на 2025 година, постапувале спротивно на законските прописи од Законот за полиција и Законот за шуми и не преземале мерки за спречување на кривични дела, меѓу кои и нелегална сеча на дрвја.

Според пријавата, тие не ги извршувале службените должности и не постапувале по издадените наредби за вршење на дејност, при што на лица организатори на кривични дела им оддавале информации поврзани со движењето на контролните патроли на МВР и Шумската полиција на подрачјата на Берово и Струмица.

Исто така, и покрај тоа што имале сознанија за нелегални активности поврзани со бесправна сеча, не постапиле согласно своите овластувања и работни обврски, со што овозможиле други лица да се стекнат со противправна имотна корист од големи размери.

Од МВР најавуваат дека постапката ќе продолжи во надлежност на обвинителство.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1