Connect with us

Свет

Укренерго: Жителите на осум украински области останаа без струја поради руски напади

Жителите на осум украински области во овој момент се без електрична енергија поради руските напади врз енергетската инфраструктура, соопшти Укренерго, државниот оператор на електропреносниот систем во Украина.

„По масовниот напад со ракети и дронови, како и артилерискиот гранатирање на енергетската инфраструктура во фронтовските подрачја, потрошувачите остануваат без електрична енергија во Доњецката, Дњепропетровската, Запорошката, Одеската, Полтавската, Сумската, Харковската и Киевската област. Екипите за итни случаи веќе почнаа со активности за обнова на местата каде што безбедносните услови го дозволуваат тоа. Енергетските работници прават сè што е во нивна моќ за што побрзо да ја вратат во функција опремата оштетена од противникот“, се наведува во соопштението и се повикува на ограничена употреба на моќни електрични уреди меѓу 18:00 и 22:00 часот

Јужниот украински град Николаев и неколку други населени места во областа останаа без електрична енергија по утринскиот руски напад врз енергетската инфраструктура, соопштија денеска локалните власти.

Градот Херсон, кој се наоѓа во соседната област, исто така остана без напојување со електрична енергија, изјави претставник на локалните власти, додавајќи дека причината за прекинот се истражува.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3