Connect with us

Хроника

Приведени две лица во Кочани, пронајдена дрога при претрес

СВР Штип информира дека синќа во 20:40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода 21-годишната Н.А. од Кавадарци и Б.В.(47) од Кочани. 

Според пријавата, при претрес во домот во кој привремено престојува Н.А., извршен со наредба на Основен суд Кочани, а во кој бил затекнат и Б.В., пронајдени се и одземени  марихуана, бела прашкаста материја, кафеава материја и предмети со остатоци од мариахуана и прашкаста материја. 

По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4