Connect with us

Вести

Министерот Муцунски учествува на Дипломатскиот форум во Анталија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од денеска до 19 април во Анталија ќе учествува на петтото издание на Дипломатскиот форум (Antalya Diplomacy Forum – ADF2026), организиран од Министерството за надворешни работи на Република Турција, под покровителство на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Форумот годинава се одржува на тема „Мапирање на утрешнината: управување со неизвесностите“. Во рамки на програмата, министерот Муцунски утре ќе се обрати на панелот „Жнеење мир на Балканот: дијалог, бизнис и поврзаност“, на кој е предвидено учество на министри од земјите од Западен Балкан, како и од Хрватска и Турција, како и на генералниот секретар на Советот за регионална соработка (RCC).

Во рамки на престојот во Анталија, на маргините на форумот и по покана на турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денеска министерот Муцунски ќе учествува и на третиот Министерски состанок на Балканската платформа за мир, заедно со министрите за надворешни работи од земјите од Западен Балкан.

За време на форумот, министерот Муцунски ќе оствари и повеќе билатерални средби. 

На Дипломатскиот форум во Анталија учествува и претседателката Гордана Сиљановска – Давкова која денеска ќе има обраќање на „Лидерскиот панел“ кој ќе го модерира Мевлут Чавушоглу, поранешен министер за надворешни работи на Турција, пратеник во Големото национално собрание и шеф на турската делегација во ПС на НАТО.

Останати учесници најавени на панелот се претседателот на Казахстан, Касим – Жомарт Токаев, премиерот на Пакистан, Мухамад Шехбаз Шариф, премиерот и министер за надворешни работи на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани и премиерот на Грузија, Иракли Кобахиѕе.

Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Турција, вчера во Истанбул оствари билатерална средба со тускиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на којашто било констатирано дека македонско-турските односи се одликуваат со силно пријателство, доверба и континуирана меѓусебна поддршка.

На петтиот Дипломатски форум во Анталија, што е во организација на Министерството за надворешни работи на Република Турција, под покровителство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, се најавени учесници од 155 земји, меѓу кои 21 шеф на држава и влада, 61 министер, како и десетици парламентарци.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3