Connect with us

Вести

Екстрадиција за Груевски може да се бара откако би му било одземено правото на азил, вели Мицкоски

За да се испрати барање за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски треба прво процедура да се тргне азилот кој го има добиено во Унгарија, изјави премиерот Христијан Мицкоски

Тој рече дека нашата земја не може да го следи примерот на Полска, која веднаш по изборот на Петар Маѓар испрати писма за екстрадиција на двајца поранешни функционери пребегани во Унгарија.

-Полските поранешни членови на Владата уште немаат азил. Во нашиот случај премиерот има азил. За да се испрати барање за екстрадиција треба прво процедура да се тргне азилот. Тоа е прво оти сега ако испратиме, негативен одговор ќе добиеме. Можеме и утре да го испратиме, нема проблем, но дајте малку суштински да ги гледаме работите, а опозицијата нека го побара Васко Ковачевски да дојде -рече Мицкоски запрашан дали владата ќе испрати барање за екстрадиција на поранешниот премиер.

Прашањето со екстрадицијата на Груевски се отвори откако по изборите во Унгарија новиот премиер Петар Маѓар изјави дека Унгарија нема да згрижува политички прогонувани лица. Притоа го спомена и поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3