Connect with us

Економија

Вкупниот промет во индустријата зголемен за 1,6 процент во февруари на годишно ниво

Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 1,6 проценти во февруари годинава во однос на февруари минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, имаат одделите: Производство на прехранбени производи со 3.1 проценти, Производство на електрична опрема со 4.2  проценти и Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 17.7 проценти.

Прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2026 година во однос на февруари 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.4 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.2 проценти, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 2 процента.

Вкупниот промет во индустријата во февруари во однос на јануари годинава бележи пораст од 19.5 проценти, а опаѓање од 3.7 проценти во периодот јануари – февруари годинава, во однос на истиот период од минатата година. 

На домашниот пазар во февруари годинава, во однос на февруари минатата година, прометот во индустријата е со пораст од 0.8  проценти, а во периодот јануари – февруари годинава, во однос на периодот јануари – февруари минатата година, со опаѓање од 2.4 проценти.

На странските пазари, пак, во февруари годинава, во однос на февруари минатата година, прометот во индустријата бележи пораст од 2.2 процента, додека во периодот јануари – февруари годинава, во однос на периодот јануари – февруари минатата година, бележи опаѓање од 4.1 проценти.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2