Connect with us

Хроника

Приведен кавадарчанец, управувал нерегистриран мопед и без право на управување возило

Приведен бил кавадарчанец поради управување нерегистриран мопед и без право на управување моторно возило, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Вчера во 16:05 часот на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиja од слобода С.С., на возраст од 20 години од овој град. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле мопед без регистарски ознаки, управуван од С.С. и по преземените мерки и извршени проверки, било констатирано дека мопедот е нерегистриран и го управувал пред да се стекне со право на управување на моторни возила, појаснија од СВР – Велес.

Тој бил приведен во полициска станицa, известен бил јавен обвинител, мопедот бил одземен.

– По документирање на настанот, прoтив него ќе бидат поднесени соодветни пријави, додадоа од СВР – Велес.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2