Вести
Муцунски и Прево на утринско трчање низ Скопје
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски сподели фотографии од утринско трчање низ Скопје со својот белгиски колега Максим Прево, кој од вчера е во посета на државата.

– Утрово, заедно со мојот колега и пријател, белгискиот министер за надворешни работи, Максим Прево, денот го почнавме на поинаков начин – утринско трчање од 6 км низ Скопје. Шест километри низ градот беа одлична можност, во неформална и спортска атмосфера, да споделиме дел од енергијата на Скопје и да ѝ ги приближиме на белгиската делегација препознатливите обележја на нашиот главен град – напиша Муцунски на својот фејсбук-профил.
април 16, 2026

