Connect with us

Свет

Венс, најверојатно, ќе ја предводи новата рунда преговори меѓу САД и Иран

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, најверојатно ќе ја предводи потенцијалната втора рунда преговори со ирански официјални лица – објави Си-ен-ен повикувајќи се на свои извори.

Се очекува Венс „да предводи уште една рунда преговори со иранските претставници доколку состанокот се одржи пред истекот на примирјето следната недела“, наведува медиумот.

Првата рунда разговори се одржа за време на викендот во пакистанската престолнина Исламабад со цел трајно завршување на американско-израелската војна против Иран почната на 28 февруари, но договор не беше постигнат. Напорите за организирање нова рунда преговори продолжуваат.

Пакистан на 8 април посредуваше во двонеделно примирје, кое сè уште е во сила.

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот навести дека разговорите во Пакистан би можеле да продолжат во наредните два дена.

И САД и Иран, според извештаите, предложиле запирање на иранското збогатување ураниум, но не може да се усогласат за временската рамка.

Вашингтон бара демонтирање на главните ирански постројки за збогатување ураниум и итно повторно отворање на Ормуската Теснина.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4