Connect with us

Вести

Објавени добитниците на стипендии од трет циклус студии во земјата за 2025/2026

Министерството за образование и наука ги објави добитниците на стипендии од трет циклус студии во земјата за академската 2025/2026 година. 

На веб-страницата на МОН се објавени кандидатите коишто се прифатени и рангирани во согласност со условите наведени во конкурсот во областа на природно-математички науки и инженерство и технологија и кандидати коишто се прифатени и рангирани во согласност со конкурсите за општествени и хуманистички науки.

Објавен е и список на прифатени кандидати чија тема на истражување е во корелација и соодветствува со целите и дефинираните приоритети во Стратегијата за паметна специјализација со фокус на дигитална и зелена транзиција.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2