Connect with us

Свет

Две воздушни тревоги објавени во Романија во текот на ноќта во близина на границата со Украина

Жителите на северниот дел на романскиот округ Тулча изминатата ноќ добија две предупредувања за опасност преку системот Ro-Alert, откако системите за набљудување забележале групи дронови во близина на романско-украинската граница, пренесува агенцијата Аџерпрес.

Првото предупредување било испратено во 02:37 часот по локално време, а второто во 05:08 часот. Во двете известувања, испратени од Генералниот инспекторат за вонредни состојби, жителите се предупредуваат за можно паѓање на објекти од воздухот и се повикуваат да преземат мерки за претпазливост.

Како одговор на ситуацијата два ловци F-16 на романското воено воздухопловство полетале од воздушната база 86 Фетешт, а системите за противвоздушна одбрана преминале во режим на подготвеност за стрелба.

Министерството за национална одбрана информира дека немало пробивање во романскиот воздушен простор, објави Аџерпрес. Воздушната тревога била прекината во 05:42 часот.

Во текот на првите два месеци од годинава, Министерството за национална одбрана на Романија регистрирало 15 слични инциденти во близина на романско-украинската граница, а во 10 од нив било неопходно подигнување на ловци за набљудување на ситуацијата во воздухот.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2