Регион
Закажана седница на Собранието на Србија, на дневен ред е предлог за гласање недоверба на владата
Вонредна седница ќе одржи утре српскиот парламент на чиј дневен ред е предлогот за гласање недоверба на владата, што го поднесоа 62 пратеници од опозициските партии.
Предлогот го поднесоа во средината на февруари членови на Народното движење на Србија, Партијата за слобода и правда, СРЦЕ, Ние силата на народот – проф. д-р Бранимир Несторовиќ, од Еколошкото востание и независниот пратеник Милољуб Албијаниќ.
Причината зошто тие бараат гласање недоверба на владата, како што е наведено во образложението, е постоењето основано сомнение во, како што тврдат, вмешаноста на одредени членови на владата во случајот со Генералштабот, како и непостапувањето на премиерот по тој повод.
април 14, 2026

