Регион
Српскиот претседател продолжува со консултациите со политичките партии
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги продолжува консултациите со претставниците на партиите – денеска ќе има разговори со Руската партија, со Единствена Србија и со Зелената партија на Србија. Темите на консултациите се вонредните парламентарни избори и постапките на Србија во сложени меѓународни околности на безбедносниот и енергетски план.
Тој во изминатата недела имаше консултации со претставници на Движењето на социјалистите, Сојузот на војводинските Унгарци, Партијата за правда и помирување, Српската напредна странка, Социјалистичката партија на Србија, Социјалдемократската партија на Србија, Демократскиот сојуз на Хрватите во Војводина и Партијата на обединетите пензионери на Србија.
Повеќето од опозициските парламентарни партии одбија да учествуваат во консултациите.
Вучиќ синоќа повтори дека парламентарните избори ќе се одржат оваа година, наведувајќи како можност – до 10 јули, или од септември до крајот на годината.
„И надлежната релевантна институција ќе донесе одлука за ова во согласност со интересите на граѓаните“, рече тој.


