Connect with us

Хроника

Пронајден починат 59-годишен маж

Починат 59-годишен маж синоќа бил пронајден во својот дом село Согле, Општина Чашка.

Во СВР Велес синоќа во 22:30 часот било пријавено дека во домот во село Согле, општина Чашка, бил пронајден починат 59-годишниот  Г.П. од село Согле, кој претходно имал здравствени проблеми. Како што денеска информираат од СВР Велес, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2