Connect with us

Вести

Филипче оддржа прес-конференција за изборите во Унгарија, вербално нападна и новинар на Телевизија Алфа

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција повтори дека историската победа во Унгарија испраќа јасна порака до целиот регион, дека времето на автократите завршува. Тој оцени дека ова е конечен крај на ерата во која Будимпешта била „безбедно засолниште за сите осудени корумпирани криминалци“ и запраша дали ќе се поднесе барање за екстрадиција на Никола Груевски.

-Ова е историска победа на Европа над руското и кинеското влијание, и на владеењето на правото над корупцијата. Историската победа во Унгарија испраќа јасна порака до целиот регион, декa времето на автократите завршува. Следен е тој во Србија, па после тоа на Мицкоски. Регионот припаѓа на Европа, не на Русија. Доаѓа време на правда и одговорност, рече Филипче.

Според него, ова е важно за Македонија, бидејќи „Владата на Христијан Мицкоски ги стави стратешките интереси на Македонија во рацете на Орбан“.

-Не ги стави во рацете на Унгарија, не ги стави за доброто на Македонија – ги стави во рацете на бизнисмени, блиски луѓе на човекот кој сега веќе не е на власт, и не за доброто на државата, туку за свои лични интереси. Телекомуникации, енергетика, медиуми, финансии – сè беше поврзано со кругот на Орбан, оцени тој.

Според него, земјава веќе со години е во медиумски мрак поради медиумите контролирани од Орбан со кои директно управува ВМРО.

-Политичка алатка на Мицкоски за лажни вести, измислени афери, деноноќни напади против СДСМ и мене лично. И додека ние предупредувавме дека режимот на Орбан ќе падне, ВМРО панично ја засилуваше црната кампања, обидувајќи се да дефокусира и да го оттргне вниманието на јавноста. Денес кога Орбан веќе падна, паниката на ВМРО е очигледна. Медумите под нивна контрола веќе почнаа да ја намалуваат важноста на победата на новата демократска влада во Унгарија, кажа тој.

Одговарајќи на новинарско прашање за етикетирање на медиумите, Филипче истакна дека паниката кај одредени куќи доаѓа по промената на власта во Унгарија и најавите на новиот унгарски премиер за испитување на бизнис-релациите на Виктор Орбан во регионот.

„Вие сте од телевизија Алфа и ве фаќа малку паника сега кога газдата изгуби власт. Сега се прашувате кој ќе ве финансира за вашите црни кампањи, за вашите лажни кампањи, за вашите кампањи со кои го нарушувате угледот на членови на опозицијата и на мене лично и за тоа прашање ќе се обратите кај Христијан Мицкоски“,

рече Филипче на денешната прес-конференција.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1