Connect with us

Фудбал

Гатузо ја напушти клупата на Италија

Италијанската фудбалска федерација денеска со взаемна согласност го раскина договорот со селекторот Џенаро Гатузо (48), три дена откако Азурите трет пат едноподруго останаа без учество на мундијалските турнири.

„Со тешко срце, имајќи предвид дека не успеавме да ја постигнеме целта што си ја поставивме, сметам дека моето време како селектор е завршено“, наведе Гатузо во соопштението.

Италија не успеа да обезбеди пласман на Светското првенство, што ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико, во вторникот загуби од Босна и Херцеговина на пенали во Зеница во финалето од плејофот.

„Дресот на Азурите е највредниот капитал во фудбалот, поради што е исправно да се олеснат идните технички промени од самиот почеток. Беше чест да се води репрезентацијата и тоа со група на играчи кои покажаа посветеност и лојалност кон дресот“, рече Гатузо, кој мина девет месеци на италијанската клупа.

Гатузо ја напушти функцијата ден откако претседателот на Италијанската фудбалска асоцијација, Габриеле Гравина, и директорот на националниот тим, поранешниот голман Џанлуиџи Буфон, поднесоа оставки.

Во последните три квалификациски циклуси за Светското првенство, Италија загуби во плејоф натпреварите против Шведска, Македонија и Босна и Херцеговина.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1