Connect with us

Вести

Дмитриј Константинович Зиков е новиот амбасадор на Русија во Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги примила акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Константинович Зиков.

Како што соопшти претседателскиот Кабинет, Сиљановска-Давкова изразила уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон професионално застапување на интересите на Руската Федерација и на рускиот народ, во рамките на меѓународното право.

-За амбасадорот Зиков, претставувањето на неговата земја на македонско тло е висока мисија, стои во соопштението.

Тој изразил подготвеност од руска страна за отворена соработка и за воспоставување рамноправни и заемно корисни односи во име на просперитетот, благосостојбата и развојот.

-Посакувам доаѓањето на големиот христијански празник – Велигден, да означи крај на војните и почеток на нова ера на мир и благосостојба, посочила претседателката, додаваат од нејзиниот Кабинет.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4