Connect with us

Општини

Марија Нацева ја презеде градоначалничката функција во Неготино

Марија Нацева ја презеде градоначалничката функција во Неготино, од досегашниот градоначалник Горан Стојанов. Таа денеска го доби уверението од Општинската изборна комисија. Уверенија добија и новоизбраните членови во Советот на Општина Неготино. 

– Ќе бидам градоначалничка на сите, без разлика на политичка, верска, етничка или било каква друга припадност. Мојата цел е недвосмислена и повеќе од јасна. Неготино да продолжи да расте, да се развива и да биде место каде секој се чувствува слушнат и вреднуван. Очекувам и од сите советници да ја носат својата функција со иста почит и одговорност. Функциите се менливи, но, честа, почитта и довербата добиена од својот народ е нешто што не смееме да го изневериме, напиша таа на „Фејсбук“. 

Нацева, како и претходно Стојанов, беа кандидати за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ.

Ad
Ad